Radmila Sekerinska
Јапонија е еден од најсилните глобални партнери на НАТО. Сега, како членка на НАТО, ќе ја додадеме соработката во одбраната на долгата листа на успешна соработка меѓу двете земји на полето на културата, образованието, здравството и справувањето со ковид 19. Благодарност до јапонската амбасадорка Кеико Ханеда која го завршува мандатот во Северна Македонија, за поддршката и убавите зборови за нашиот прогрес за време на нејзиниот три и пол годишен мандат.
