Teona @Teona0990
Одлична трибина - "Зошто НЕ за 'сексуално образование' во училиштата", затоа што можеш ти да бидеш слободен и да живееш како сакаш, но не и тоа да го наметнуваш на другите, а особено не на децата.https://t.co/qHxZFQqXPF
Над нас (Србија) снег, под нас (Грција) снег, а кај нас сонце. 😒
Какво лудо човече (во позитивна смисла) е тој Ѓоковиќ. Си мислиш изнервиран е, ќе изгуби и оп, се издигнува над таа нервоза и ти прави таков поен и пресврт што се чудиш што ти се десило. Права уживанција е за гледање. 😍
Едно 6год девојче ми вели: ако не е темно, нема како да ги видиме ѕвездите. 🥰Детската чиста душа е огромен извор на мудрости.
Во новата година посакувам сите да бидеме што поавтентични, да не се криеме од себе си, да се развиваме во љубовта, за да ја почувствуваме и живееме вистинската слобода.Нооо, сакам и нормална пролет, лето, есен и зима, а не да си ги мешаат лончињата. 😀
Дождот ќе ни го прочисти воздухот, ќе ја наводени земјата, ќе ги наполни реките и езерата. Не треба многу труд за да го видиш убавото и полезното во тоа што не ти се допаѓа. 🙂🌲🌧
Другарка ми така ги има усовршено пиците, што мислам дека такви меури во тестото ниту во Италија не би видела 😋
Костени, тиква, топли напитоци, каминче... Сакам да кажам, зима е уживанција и спокој 🥰
Ехее, колку само Фурканци плукале јавно по Софијанова за после тоа да ја молат лично она да ги лечи нивните деца и внуци. Ама, не можеш по своите, па удри по другите.
На оваа објава на ФБ има 658 коментари и скоро сите се на бугари и грци - едните велат тоа е Бугарија, другите Грција. Уште бе не можат да се договорат 😂Најидиотски е коментарот на еден што вели дека името Македонија го измислил Тито 😂Очигледно никогаш не ја читал Библијата.