Ljupcho Nikolovski @lj_nikolovski
Со регионалниот директор за агробизнис секторот за централна и југоисточна Европа при Европската Банка за обнова и развој Милјан Ждрале, разговаравме на теми за инвестициски потфати во земјоделството клучни за развојот и конкурентноста на домашните производи.
Секојдневно сме на терен, заедно со земјоделците јавно и транспарентно го следиме процесот на аплицирање на субвенциите за 2023 год. Аплицирајте едноставно преку веб страната на Платежната агенција или секој ден во канцелариите на подрачните единици.
На вчерашната владина седница, усвоена е Програмата за финансиска поддршка на органското производство во 2023 година, со цел зголемување на конкурентноста и успешен пласман на домашниот и странските пазари.
✅️13.175 земјоделски стопанства употребиле сертифициран семенски матријал со мерката за директни плаќања за површина од 51.450 ха.🤝Продолжуваме...
✅️Имаме просечна највисока откупна цена на пченица од 17 ден по килограм. ✅️78.300 ха површини засеана пченица, што претставува зголемување за околу 4300 ха во однос на 2022 година.✅️422,4 мил ден навремено исплатени субвенции за полјоделски култури за над 2400 корисници
#Факти ✅️Единствени во регионот подготвивме Национален план за производство на храна и Интервентна програма вредна 900 милиони денари, поддршка за секој земјоделец. ✅️40% поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури.
🌾Убаво е чувството да се гледаат ширни житни полиња токму на Денот на полето. Драго ми е што присуствувам на традиционална манифестација, во организација на #АГРОСТАРТ, успешна компанија и се занимава со продажба на сите видови вештачки ѓубрива, семенски матријали и сточна храна
📢Навремено ги информираме земјоделците за процесот на аплицирање за субвенции 2023. Во тек е поднесувањето барања за субвенции за растително и сточарско производство.
Афионот како дел од македонската традиција го враќаме на земјоделските полиња. Преку новиот модел за субвенционирање овозможуваме 6.000 денари како основна мерка, 6.000 денари за остварен принос од 300 килограми афионова ќушка, и дополнителни 2.400 денари по хектар зелена нафта.
🔛Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 за растителното и сточарско производство.