Aleksandar Nikoloski
Отсуството на државна стратегија не доведе до точка на студена војна со Бугарија. Власта да ги испита наводите дека странски агентури се вмешани во провокациите кон Македонија и да се истражи финансирањето на Бугарските клубови.
Бараме неколку работи:
1️⃣ Државата сериозно да ги испита наводите кои и самиот Пендаровски ги кажа дека здруженија, фондации, поединци и агентурни мрежи од странски држави се вмешани во креирањето на сите овие проблеми кои што се случуваат во државата и провокации со директно негирање на Македонија и македонскиот народ. И за истите да се излезе со детален извештај со кој што ќе биде информирана македонската јавност.
2️⃣ Финаниските институции на власта да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и внесот на странски пари и многу битно потеклото на тие пати со кои што овие здруженија во државата тераат антимакедонска политика.
3️⃣ Државата, поточно владата на Ковачевски и Бујар Османи како премиер и министер за надворешни работи да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Зошто досега не се побарани одговори за ова нити од Еди Рама, нити од властите во Албанија на кои начин дозволуваат да се негира постоењето на македонското национално малцинство во Албанија кое што таму живее со векови.
4️⃣ Владата досега нема ниту една посериозна реакција во однос на било кое отворено негирање на македонската нација, историја и јазик. Затоа постојат македонски институции и тие мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија.
5️⃣ Бараме Македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија, нивното право на здружување, нивното право на учество на избори, нивното право на образование на мајчин јазик како и нивното право на национално определување како Македонци. Должност е на Македонија да се грижи со сета сила и аргументи за правото на сите Македонци каде и да се наоѓаат.
