Зоран Заев @Zoran_Zaev
Да се биде полицаец значи да се биде доследен на својата професија, чесно и одговорно да се извршуваат професионалните задачи и да се биде пример за сите граѓани. Полицијата е наш бескомпромисен чувар на законот и јавната безбедност.
Нека ни е честит и вековит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.🇲🇰Горд сум на фактот дека овој Ден беше востановен во 2019 година на моја иницијатива, како претседател на Владата на Република Северна Македонија, и веќе петта година, 5 Мај се слави како Ден на македонскиот јазик.
И институциите, и компаниите, потребно е да ги согледаат и да ги поддржат способностите, заложбите и капацитетот на нашата младина и на тој начин сите заедно да направиме повеќе за нашата сегашност и нашата иднина. https://t.co/XW9SUZWTYS
Младиот Никола Маркоски ни покажа дека и дома се успева. Тој е директор на развој во “Грин Машинс”, а се врати од Германија како успешен научник во полето на физиката да допринесе за поголем успех и развој на нашата држава.https://t.co/ulZ6fHMb5X
Во чест на 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, донираше хируршки микроскоп „OPMI Movena/S7“ за потребите на пациентите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје. https://t.co/UowHVckAMK
Здравјето е нашиот живот и затоа мораме постојано да го унапредуваме. Затоа донираме во јавното здравје, а со тоа и во нашето општество и нашата иднина.
Oва е време на борба на умерените со радикалите и колку порано умерените леви и десни лидерства и граѓанства се запознаат, се здружат и oсојузат, толку поскоро и полесно ќе си го спасиме Балканот од искритенационализам. ➡️
Годишен извештај 2022 на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“:➡️
We empathise with our friends, especially the families that have lost loved ones and have been left destitute. We pray for everyone who has suffered through the agony, and we wish the injured a swift recovery and a return to a normal way of living. https://t.co/ugzGwN1m63
Сочувствуваме со нашите пријатели, особено со семејствата кои изгубија свои ближни и останаа без своите домови. Се молиме за сите кои поминаа низ агонијата, а на повредените во земјотресот им посакуваме побрзо оздравување и враќање во нормалните текови на живеење. https://t.co/PlT5Ts53Me