Мирјана Најчевска @ibogovitelicno
Ајде решете, сакате да се применува етнички клуч или сакате граѓанска држава.Не може да се седи на две столчиња.
Сите медиуми во Македонија се на ново на жолта штампа.Ќе видат нешто што им личи на атрактивна вест и го пренесуваат како шутраци без да проверат, без да испитаат, без свое мислење, без аргументи.Кога велам сите, мислам на СИТЕ. Од прв до последен.Новинарство - 0.
Факт е дека актуелната власт во Бугарија не го признава постоењето на македонската нација. И не го признава постоењето на македонско малцинство на територијата на Бугарија. И не ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права.И факт е дека ЕУ не реагора на сето ова.
ДУИ се како крлежи.Кога еднаш ќе се закачат тешко се вадат.Не може со тегнење. Мора да се направи или операција и да се засече длабоко во ткивото или да се намачкаат со медицински бензин и да се угушат.Ако не се извадат дефинитивно ќе го убијат домаќинот на кој се закачени.
Си ставаш фотографија од природа и некоја будала ти пишува: ти ма уште не си умрена?Колку исфрустриран и несреќен лик треба да бидеш за да го напишеш ова на туѓ профил, под лажен идентитет и без никаква претходна комуникација?Мислам дека голем дел од нашето општество е болно
Винчестер.
Еве го чекаме возот за Hogwart
За овие што го продаваат потпишувањето на договор со ФРОНТЕКС на македонски јазик како најголемо достигнување, да потсетам дека и во време на СФРЈ Македонија потпишуваше договори на македонски јазик, а и по осамостојувањето (https://t.co/Bb3Yx4hlmR).
Нека ми покаже Таравари еден единствен документ од СФРЈ во кој албанскиот јазик е на ниво на македонскиот.Ако има таков документ значи дека цело време лажеле дека биле угнетувани во СФРЈ.Ако нема, значи дека сега лажат.Од лажењето не се бега во секој случај.
Јас пак велам, ајде да ги исфрлиме процентите од Уставот и да ја ратификуваме Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици и да ја регулираме употребата на сите јазици на територијата на Македонија на најсоодветен и најфункционален начин.