вина невина @nalutilus
треба да презентирам на состанок во 08:30 и цела ноќ не можев да спијам по тој повод. кој сака нека честита
„одлучува да надмине лични потешкотии“, „прифаќа поддршка во соочување со животни предизвици или надминување траума“, „одлучува да не префрла нездрави шаблони на размислување и однесување на другите околу себе“, „се грижи за себе“
„до психијатар стаса“,„на антидепресиви заврши“, „по психолози се матка“ -ај да престанеме да користиме понижувачки јазик кога зборуваме за ментално здравје и сакаме да кажеме „побара помош кога процени дека му треба“,„пие редовна терапија како што е нормално за било која болест“
непопуларно мислење, ама мислам дека ко нација сме малце хипохондрични и научени да трчаме на крвна слика за секоја настинка, хордаме антибиотици за идење на одмор, лапаме кетонали за секоја глупост и општо вака се клукаме со триста глупости
тек сега приметив дека на твитови може да видиш колку пати биле букмаркнати и на твитот со сунѓерчињата за чистење букмаркнале 23ца. ве поштувам ко луѓе и ко домаќини, саде со гланцнати патики да се шетате <3
Oкеј е да се иселиш, океј е и да не се иселиш. Океј е да се вратиш. Океј е никогаш да не се вратиш. Океј е да си среќен со своите избори, океј е и да се предомислиш. Животот не е црно-бел.
Купете си го ова во дм. Им дава втор живот на бели патики во рок од 3 минути, а може да ги користите сунѓерчињата и за други флеки. Најдобро инвестирани 2.35 евра.
Се начукав на конференција 🥂
затоа што само со прифаќање и со нежност кон себе имаш шанса за борба и си склопуваш скала за да се искачиш по неа и да излезеш од дупката. јас не сум пар молекули, јас сум Ана, и понекогаш се мачам со менталното здравје, и тоа е сосема океј, затоа што знам дека не сум сама.
и не се срамам веќе да бидам отворена за тоа, не се обвинувам и не мислам дека сум некако по дефиниција расипана. се прифаќам таква каква што сум, се сакам себе и во нормални прилики си го сакам и животот, каков-таков сама си го изградив од нула и ебано сум горда на тоа.